English    Shqip    
Почетна страна ФотогалеријаКако до насКорисни линковиПрашања и одговори
    пронајди   
Правни можности За Народниот Правобранител Извештаи и публикации Можности на правобранителот Односи со јавноста
Вести
Архива
Архива
04.09.2007

ПО ИНИЦИЈАТИВНА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УСТАВНИОТ СУД НА МАКЕДОНИЈА УКИНА ЧЛЕН ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Здравствената заштита мора да биде достапна за секого и секаде

По иницијатива на Народниот правобранител Уставниот суд на Македонија ја укина одредбата од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се предвидуваше плаќање на надоместоците за здравствените услуги на осигурениците од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија само во случај ако таа заштита е дадена во установа која има склучено договор со Фондот.
 Имено, оваа одредба предвидуваше дека осигурениците кои ке одлучат здравствената заштита да ја побараат во установа која нема склучено договор  со Фондот услугите сами си ги плаќаат.
Народниот правобранител сметаше, а судот со одлуката  утврди, дека со оваа одредба се доведува во прашање уставно и законски загарантираното право на граѓаните на Република Македонија на задравствена заштита, како и правото на слободно и по сопствен избор да се определат во каков вид на здравствена установа ќе го остварат правото на здравствено осигурување. Исто така, судот оцени дека со овој член осигурениците се попречуват во остварувањето на едно од основните права сами да изберат лекар на кого најмногу му веруваат и од кого очекуваат коректна и пред се стручна компетентна здравствена заштита.
кон врвот    
Печати ја страницата
Пренеси на пријател
© 2005 Народен правобранител на Република Македонија