|
|
| 17.09.2007 |
ПОЧНА ПРОЕКТОТ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА СО НИВИТЕ ПРАВА Метални кутии за поголема достапност на Омбудсманот за осудените лица
|
|
“Народниот правобранител во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија ја почна реализацијата на проектот за запознавање на осудените лица со нивните права, и со надлежностите на Народниот правобранител. За таа цел во текот на месеците септември и октомври преставници на Народниот правобранител и ОБСЕ ке ги посетат сите казнено-поправни установи во Република Македонија во рамките на што осудените лица ке бидат запознати со нивните права согласно позитивните законски прописи на Република Македонија и меѓународните стандарди”. Ова, меѓу другото го соопшти портпаролот на Народниот правобранител Уранија Пировска на прес-конференцијата на која беа презентирани брошурите кои во рамките на проектот ке им бидат делени на осудените лица. “За доближување на установата Народен правобранител до осудените лица, во затворските установи ке бидат поставени метални кутии каде осудените лица ке може да ги доставуваат преставките. Пристап до овие кутии ке имаат единствено вработените од канцеларијата на Омбудсанот” соопшти Пировска. Инаку, според програмата за посета на казнено-поправните установи на 18 ти септември веке беа посетени затворите во Струмица и Гевгелија, на 27 ке има презентација во КПД од отворен вид во Струга и во затворот во Охрид. На трети октомври треба да следи посета на затворите во Битола и Прилеп, на 10 во Штип, на 17 во Тетово, а на 24 октомври затворот “Скопје”. Следниот ден е планирана посета на Отвореното одделение во Крива Паланка, а на 31 октомври на КПД “Идризово”.
|
|
|
|