“Во казнено-поправните установи со исклучок на казнено-поправниот дом Идризово, Затворот Битола и Затворот Скопје нема постојано вработен медицински персонал, па здравствената заштита се организира со склучување договори со медицинските центри или со приватните здравствени установи. Во однос на здравствената заштита особено загрижувачка е состојбата со осудените лица зависници од опојни дроги”. Ова меѓу другото стои во Посебниот извештај за остварување на правото на здравствена заштита на осудените и притворените лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи што го изготви Народниот правобранител по посетата од неговите тимови на затворите во земјата во периодот од мај до септември годинава. Од овие причини Омбудсманот во извештајот меѓу другото ги дава следниве препораки: организирање здравствена служба, воспоставување на дом болница, задолжително здравствено осигурување на осудените лица, кадровско екипирање на здравствените служби, како и набавка на медицинска опрема и централизација на набавките.
|