Бројот на корисниците на социјална парична помош кои се работно ангажирани е значително мал и изнесува околу 10 отсто од вкупниот број во државата, а не се преземаат ни конкретни мерки за изнаоѓање можности за нивно работно ангажирање. Некои од центрите како што се оние во: Штип, Струга и Кавадарци воопшто немаат работно ангажирани корисници на социјална помош. Ова се дел од констатациите дадени во информацијата подготвена од страна на Народниот правобранител направена врз база на податоците на анализата за работното ангажирање на оваа категорија на лица. Истражувањата за анализата се направени во периодот од 01.01.2006 до 30.09 2007 година. Имајќи ги предвид добиените податоци Омбудсманот на надлежните институции им препорача поголема соработка конкретно на центрите за социјална работа со локалната самоуправа и со јавните установи за поголема работна ангажираност на примателите на социјална помош, односно центрите да покажат поголема самоиницијативност за работно ангажирање на овие лица.
|