English    Shqip    
Почетна страна ФотогалеријаКако до насКорисни линковиПрашања и одговори
    пронајди   
Правни можности За Народниот Правобранител Извештаи и публикации Можности на правобранителот Односи со јавноста
Вести
Архива
Архива
16.10.2006

ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ВКЛУЧЕНОСТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА
Потребни се низа законски измени за подобра заштита на децата

“Во Република Македонија не е посебно дефинирано семејното насилство над дете, што во практиката создава низа проблеми. Исто така, утврдивме дека центрите за социјална работа не водат посебна евиденција за насилство над децата, ниту пак, децата посебно се третираат како жртви на семејно насилство, што е поразително и не е во согласност со светските трендови. Истражувањата за вклученоста на децата со посебни потреби во основното образование покажаа дека  постои законска регулатива, но дека во практичната примена постојат проблеми и пречки, поради што не се обезбедува соодветен и еднаков третман на овие деца. Како еден од најголемите проблеми треба да се потенцира недостатокот од стручен кадар кој ќе работи со децата со посебни потреби, но и гломазноста на паралелките поради што можноста за индивидуална работа со овие деца е мала.”
Ова меѓу другото беше речено на средбата со новинарите на која народниот правобранител г. Иџет Мемети ги презентираше посебните извештаи за состојбата со семејното насилство врз децата за вклученоста на децата со посебни потреби во основното образование.


                                                                                                       Повеќе

кон врвот    
Печати ја страницата
Пренеси на пријател
© 2005 Народен правобранител на Република Македонија