Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 09.12.2011

    10-ТИ ДЕКЕМВРИ – ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 01.10.2011

    ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДИ ПРИ ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ...

    повеќе
  • 05.09.2011

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО ЗА ХУМАНОСТ „МАЈКА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Заменици

Трипун Танушески

  • Роден е на 04.02.1951 г. во с.Непрошено - Тетово.
  • Од 1963 г. живее во Скопје каде го дооформил основното и го завршил средното и високото образование;
  • 1975 г. по дипломирањето на Правниот факултет во Скопје се вработил како адвокатски приправник, а потоа ја продолжил кариерата како стручен соработник во Општинското јавно обвинителство-Скопје и го положил правосудниот испит;
  • 1981 г. - работел како самостоен стручен референт во правната служба и шеф на Општата служба во КЈУБИ-“Македонија” централа Скопје;
  • 1987 г. бил избран за судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;
  • 27.11.1997 г. е избран за заменик-народен правобранител;
  • 01.02.2006 г. е повторно избран за заменик-народен правобранител.

Нашиде Ибраими

  • Родена е на 30. 03. 1964 година во Скопје.
  • 1982 година матурирала во гимназијата Зеф Љуш Марку во Скопје;
  • 1990 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје, а потоа работела како  адвокатски приправник;
  • 1993 година се вработила во Управата за имотно-правни работи на Министерството за финансии;
  • 1998 година го положила правосудниот испит;
  • 2004 година била назначена за раководител на Одделението за имотно-правни работи-Чаир на Министерството за финансии;
  • во февруари 2005 година е избрана за заменик-јавен правобранител во Јавното правобранителство во Скопје
  • 01.02.2006 година е избрана за заменик-народен правобранител.

    Невенка Крушаровска

    • Родена е на 29.08.1950 година во с. Дедебалци, Битола каде го завршила основното образование;
    • 1970 - матурирала на Средното економско училиште » Борис Кидрич« во Битола;
    • 1976 година - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
    • 1977 година - се вработила како приправник во Привредна банка-Сараево- Основна банка Зеница во Зеница Босна и Херцеговина;
    • По полагањето на приправничкиот испит била избрана за шеф на правната служба во Банката во Зеница;
    • 1979 година - работи како стручен соработник во Уставниот суд на Република Македонија;
    • 1985 година го положила правосудниот испит по што веднаш била избрана за виш соработник, потоа самостоен советник и на крај за советник на  Уставниот суд на Република Македонија;
    • 27.11.1997 година е избрана за заменик на народниот правобранител, а во 1999 од народниот правобранител е назначена да раководи со Одделенито за заштита на правата на децата;
    • 01.02.2006 г. е повторно избрана за заменик-народен правобранител 

    Драги Целевски

    • Роден е на 02.01.1960 година во Скопје.
    • 1984 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје;
    • 1987 година се вработил во Министерството за правда каде извршувал повеќе работни задачи;
    • 1990 година го положил правосудниот испит;
    • 1997 година бил именуван за директор на Дирекцијата за извршување на санкциите, а потоа бил назначен за државен советник во Министерството за правда одговорен за подготовката на Стратегијата за реформа на правосудниот систем, реформата на казненото законодавство и евроинтегративниот процес;
    • во март 2005 година е именуван за генерален секретар во институцијата Народен правобранител - Скопје;
    • 01.02.2006 година е избран за заменик-народен правобранител;
      2007 година магистрира на Правниот факултет во Скопје на тема “Народниот правобранител во заштита на осудените лица”.

    Лилјана Илиевска

    • Родена е 26.08.1961 година во Битола;
    • 1983 - дипломирала на Правниот факултет во Битола;
    • 1984 - била вработена во ЗИК „Пелагонија“ како дипломиран правник при што ги извршувала работите и задачите од областа на имотно-правните односи, осигурувањето и постапувала по парнични и вонпарнични предмети;
    • 1998 - станала активен член на НВО “Граѓански патеки” од Битола.
    • 2004 - била вработена како државен советник во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Битола;
    • 15.07.2005 - е избрана за заменик на народниот правобранител.

    Даут Селими

    • Роден е 30.01.1953 годинаво село Колари.
    • 1977 - завршил правен факултет во Приштина;
    • 1977 - бил вработен како приправник во Општинскиот суд Кичево;
    • 1979 - бил избран за судија за прекршоци во Општинскиот суд за прекршоци во Кичево;
    • 1986 - бил повторно избран за судија на истиот суд;
    • 1986 – 1991 -ја извршувал функцијата на претседател на Здужението за човекови права;
    • 1987 - бил назначен за стручен соработник во судот за прекршоци во Кичево;
    • 1995 - бил назначен за раководител на кривичното, граѓанското и вонпарничното одделение во Основен суд Кичево;
    • 1999 - бил избран за секретар на Советот на Општина Зајас;
    • 1999 - бил именуван за раководител на Одделението за одбрана на подрачната единица во Кичево.
    • 2004 - бил претседател на Црвениот крст во Кичево, член на Извршниот одбор на Црвениот крст на Република Македонија и член на Статутарната комисија на оваа хуманитарна организација.
    • 15.07.2005 - е избран за заменик народен правобранител.

    Насер Весељи

    • Роден е 20.04.1958 година во село Липково, општина Липково.
    • 1990 - дипломирал на Правниот факултет;
    • 1990 - се вработил како адвокатски соработник;
    • 1994 - работел како даночен инспектор во Управата за јавни приходи на Министерството за финансии во Куманово;
    • 2002- станал советник - инспектор во Регионалната дирекција Штип - Даночно одделение во Куманово;
    • 15.07.2005 - е избран за заменик народен правобранител.

    Марина Обадиќ

    • Родена е 02.07.1960 година во Тетово.
    • 1986 - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
    • 1986 - била врабоена како референт за нормативна дејност во ХЕК “Југохром”-Јегуновце.
    • 1989 - секретар во АД “Неметали - Тетово;
    • директор за правни и кадровски работи во АД “Неметали”;
    • 2004 - директор на правен кадров и општ секрот во АД “Медицинска пластика“ - Тетово;
    • 2003 - го положила правосудниот испит;
    • 15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител.

    Славјанка Михаиловиќ

    • Родена е 15.01.1959 година во Гевгелија.
    • 1985 - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
    • 1986-1994 - била врабоена како секретар за правни работи во РО “Треска” Струмица;
    • 1996 - го положила правосудниот испит;
    • 1999 - работела како самостоен адвокат при што била и делегат на Собранието на Адвокатската комора.
    • 15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител.

    Рајна Пановска

    • Родена е 09.08.1953 година во Струмица.
    • 1979 - дипломирала на Правениот факултет во Скопје;
    • 1979 -била вработена како трудов инспектор во органот на управата на Собранието на Општина Штип;
    • 1986 - била избрана за началник на Одделението за општа управа со мандат од четири години во Собранието на Општина Штип;
    • 1989 - била назначена за секретар на Извршниот совет на Собранието на Општина Штип;
    • 1992 -била вработена како републички пазарен инспектор во Министерството за стопанство;
    • 2003 - била распоредена како раководител на Одделението за инспекциски надзор во рамките на Државниот пазарен инспекторат;
    • 15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител.



    Пребарување

    Кaлендар на настани

    февруари 2012
    П В С Ч П С Н
    1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29

    Анкета

    Кои компании сметате дека најповеќе ги повредуваат вашите потрошувачки права?

    Blog





    Посетители online: 1
    © 2011 Народен правобранител на Република Македонија